НАЈНОВО

Автомобили

Порше се пофали со зголемени приходи и добивка

Германскиот производител на луксузни автомобили Порше забележа повисоки приходи и профит во првите девет месеци од годината благодарение на силната побарувачка во Европа и Северна Америка.

Во периодот од јануари до септември приходите на Porsche се зголемени за 12,6 отсто, на 30,13 милијарди евра. Во деветте месеци заклучно со септември, компанијата испорачала 242.722 возила, речиси десет отсто повеќе од истиот период лани.

Најсилен раст на продажбата има во Европа, за 22,6 отсто, кога Германија е исклучена. На домашниот пазар, Porsche ја зголеми продажбата за 19 отсто. Во северноамериканскиот регион, продажбата се зголеми за 14,4 отсто, без Мексико. Податоците за Кина покажуваат пад од 11,7 отсто на бројот на испорачани автомобили.

Компанијата во првите девет месеци од годинава работеше со оперативна добивка од 5,5 милијарди евра, десет отсто поголема од истиот период лани. Учеството на добивката во приходите е намалено за 0,6 процентни поени, на 18,3 отсто. Добивката по оданочување е зголемена за 6,5 отсто, на 3,94 милијарди евра.

Менаџментот потврди дека годинава очекува учество во добивката во опсег од 17 до 19 проценти. Проценката се заснова на прогноза за приходи во опсег од 40 до 42 милијарди евра.

Поврзани новости