Автомобили

Дефинитивно крајот за „Audi R8“: Колекционерите брзаат во салоните да го купат

Во ноември минатата година Audi го прекина производството на моделот ТТ по 26 години и произведени над 660.000 примероци, а деновиве Audi го прекина производството на уште едно спортско купе – R8!

Да потсетиме дека првата генерација беше претставена во Париз на 30 септември 2006 година, додека втората генерација беше претставена во Женева во 2015 година.

Овој спортски модел во втората генерација не се продаваше повеќе од 4.000 примероци годишно, со 1.679 продадени примероци во 2021 година, а само 1.097 примероци во 2022 година.

Интересно е да се види дека во САД во текот на 2023 година овој модел доживеа раст на продажбата од дури 101 отсто, но продадени се само 631 примерок.

Најновиот пример е R8 Performance Quattro Edition Vegas Yellow во комбинација со 20-инчни алуминиумски тркала во бронзена боја. Секако, веќе подолго време се шпекулира за можен наследник, а доколку го има тој ќе има електричен погон.

Поврзани новости