НАЈНОВО

Шоубиз

Почина британскиот актер Ричард Френклин, глумеше во „Доктор Ху“ и многу други познати серии

Британскиот актер Ричард Френклин почина во сон на 87-годишна возраст. Тој починал утрото на католички Божиќ. Веста за неговата смрт беше објавена на официјалниот профил на актерот на Икс (Твитер), пишува „Сан“.

„Ричард за жал починал во сон по тешката и долготрајна болест. Длабоко сме тажни поради неговата загуба, со задоволство ќе го паметиме по неговата великодушност, креативен дух и фантастично раскажување приказни“, напиша неговото семејство.

Веста беше потврдена и од Лиам Руден, негов сорабтник, кој ја сподели објавата во име на семејство.

„Со голема тага, семејството на Ричард Френклин ме замоли да ја споделам веста за неговата смрт. Ричард почина мирно, во сон. Деталите за погребот ќе бидат објавени подоцна. Спиј добро, Ричард”, напиша тој.

Обожавателите го препознаваат Ричард како капетанот Мајк Јејтс од легендарната серија „Доктор Ху“, во која се глумеше од 1971 до 1974 година. Потоа продолжи да се појавува во различни улоги, и на телевизија и во спин-оф поврзани со серијата „Доктор Ху“.

Бепе претежно сценски актер. Френклин, исто така, се појави како редовен лик во неколку британски ТВ-програми од висок профил, вклучувајќи ги „Крстосница“ и „Емералд фарм“.

Тој исто така беше писател и ја објави книгата „Forest Wisdom: Radical Reform of Democracy and the Welfare State“, а има напишано и неколк романи.

Поврзани новости