Македонија

Почина Ферус Мустафов, кралот на ромската музика

Најпознатиот македонски кларинетист и саксофонист и крал на ромската музика, Ферус Мустафов, почина на 72-годишна возраст по кратко боледување кој на 26ти април добил мозочен удар.

Ферус е роден на 20 декември 1950 година во Штип во ромско семејство на музичари. Тој имаше богата кариера со голем број настапи низ целиот свет и остави големо музичко наследство.

Мустафов ќе биде погребан во Штип, каде е роден и каде последните години живеел со семејството.

Мустафов беше многу популарен во својата земја поради неговиот репертоар на балканска народна и ромска свадбена музика.

Поврзани новости