ВестиМакедонија

По три години домашен притвор, еск-битолскиот градоначалник Талевски е спроведен во прилепскиот затвор

Поранешниот градоначалник на Битола, Владимир Талески синоќа е спроведен во Прилепскиот затвор за издржување на ефективната затворска казна од 7 години за случајот „Транспортер“. Тој во домашен притвор мина 3 години, со што ќе остане во затвор во следните 4 години. Неговиот најблизок соработник и поранешен секретар во општината, Слободан Бончановски, од вкупно изречената затворска казна од 5,6 години со пресметаниот притвор му остануваат за издржување уште 2 години. Тој казната ќе ја издржува во затворот во Битола.

Талески е спроведен во затворот во Прилеп од вчера попладне, откако Апелациониот суд во Скопје на 28 декември донесе пресуда со која му ја намали затворската казна од 8 на 7 години.

Според последната одлука на Апелацискиот суд во Скопје, Талески и Бончаноски се единствените осудени со казни затвор во случајот „Транспортер“ на СЈО. Ефективните затворски казни за дел од превозниците апелација ги преиначи во условни казни затвор во траење од по 2 години, ако во рок од 5 години не сторат ново кривично дело.

Предметот „Транспортер“ се однесува на злоупотреба на службената положба во врска со организирањето превоз на ученици во Битола, а за овој случај, штетатa од 360 илјади евра, според пресудата треба да се надомести со конфискација на имот.

Поврзани новости