ЗабаваЗанимливости

Пред него сообраќајот бил вистински хаос! – Како настанал семафорот

Веројатно не сме ни свесни колку семафорите го олеснуваат и регулираат движењето на пешаците и возилата во сообраќајот. Но, дали од секогаш било така? Замислете, постоело време кога сето тоа било вистински хаос!

Во најраните денови на автомобилот, навигацијата по патиштата во Америка била хаотично искуство, со пешаци, велосипеди, коњи и трамваи кои се натпреварувале со моторни возила за првенство на минување.

Проблемот бил ублажен донекаде со постепеното исчезнување на влечените коњи, но уште пред Првата светска војна стана јасно дека е неопходен систем на прописи за да се одржи сообраќајот и да се намали бројот на несреќи на патиштата.

Тука некаде и се раѓа првата идеја за создавање на нешто што денес се вика семафор.

Првиот обид за негово поставување бил на 10 декември 1868 година, што е и официјален датум на создавање на првиот семафор во светот. Бил поставен во Лондон, пред британскиот парламент, пред да излезат автомобилите на улиците, а работел на гас.

Но, овој семафор не траел долго. После само два месеци, експлодирал и убил полицаец кој поставувал знаци. Сепак, тоа ги натерало луѓето да размислуваат околу нов модел, нова идеја, но таа постапка не одела така лесно, па светот морал да чека 46 години додека употребата на електрична енергија не стане широко распространета пред да биде поставен првиот двобоен семафор, користејќи ја оваа нова енергија, во Кливленд, САД.

Детроит и Њујорк додадоа жолта боја помеѓу црвено и зелено во 1920 година. Семафорите какви што ги знаеме, сега се родени и станаа норма ширум светот.

Во Европа, првиот семафор се појави во Париз во 1923 година, а потоа повеќето други градови го следеа примерот: Берлин постави семафори една година подоцна, а потоа следуваа Милано, Рим, Лондон, Прага и Барселона.

Стандардизација и регулација во 1930-тите

Првата Конвенција за обединување на патните сигнали беше потпишана во Женева на 30 март 1931 година. Нејзината цел беше да се зголеми безбедноста на сообраќајот на патиштата и да се олесни меѓународниот патен сообраќај преку унифициран систем за патна сигнализација.

Повеќето од знаците што ги препознаваме денес се дефинирани со овој договор. Семафорите со три бои (црвена, жолта, зелена) станаа стандардни.

Специјални светла за пешаци

По тробојните семафори брзо се појавија сигнали за пешаци. На почетокот имаа различни форми, но одговараа на боите што ги користеа возилата: црвена и зелена.

Тркалезни, квадратни или правоаголни, често ги давале инструкциите „Чекај“ во црвено и „Движи се“ во зелено, пишува 24sedam.

Поврзани новости