Македонија

Премиум Сејфти Солушн го прослави својот прв роденден

На свечената прослава која беше организирана во луксузниот амбиент на Рагуза 360, беа присутни голем број на соработници од приватниот и јавниот сектор, како и претставници на медиумите.

“Мојот успех и мојата заложба го гледам во вашето присуство денес, но и секој ден бидејќи вие кои сте наши клиенти токму на нас ја доверивте Вашата и безбедноста на Вашите вработени. Исклучително е тешко да пливаш во овој океан, но мојата замисла за она што сакаме да го направиме е јасна и фокусирана и така чекориме кон остварување на се она што сме зацртале” – истакна во своето обраќање Кукуноска Марија – основач и извршен директор на Премиум Сејфти Солушн.

“Би сакале да им се заблагодариме на сите наши клиенти и да дадеме ветување дека секој ден ќе работиме на подобрување на нашиот квалитет и дека заеднички ќе чекориме кон подигнување на свесноста за тоа колку е важна имплементацијата на сите правила и прописи во делот на противпожарната заштита и безбедност и здравје при работа, но и спроведување на истото” – истакна во своето обраќање Вера Велинова – комерцијален директор во Премиум Сејфти Солушн.

Доделени беа Благодарници на првите 5 клиенти кои први и со безрезервна доверба ја доверија безбедноста кај нас.

На настаност беа презентирани досегашните постигнувања, со посебен акцент на успешно реализираните проекти, eдукативните предавања и работилници за Начин на евакуација и запознавање со противпожарни средства кои се реализираа во основните школи во прва фаза во Скопје, потоа проектот кој беше одбележан со настан под мотото ‘’Едуцирај и Превенирај од мали нозе” организиран заедно со Дирекцијата за заштита и спасување и проектот кој го реализираме Заедно со Центарот за Обука при Дирекцијата за заштита и Спасување, се низа на обуки наменети за компании кои имаат за цел едукација на вработените во насока како да постапуваат во случај на пожар или некоја природна катастрофа.

Специјални гости на настанот беа Александар и Дац, кои се погрижија за забавниот дел од свечената прослава и ги забавуваа присутните.

Поврзани новости