Битола инфоВести

Сара Ѓоргиевска од ОУ “Гоце Делчев“ најдобар млад библиотекар на Битола

Во НУУБ „Св. Климент Охридски“-Битола се одржа 22. по ред општински натпревар “Млади библиотекари“. На овој натпревар учество зедоа ученици од основните училишта од Битола и еден ученик од основното училиште од с. Добрушево.

Прво место на овој натпревар освои ученичката Сара Ѓоргиевска од ОУ „Гоце Делчев“- Битола со освоени најмногу поени, под менторство на Маја Марковски, и ќе ја претставува Битола на Републичкиот натпревар „Млади библиотекари“ кој оваа година ќе се одржи во Библиотеката „Искра“-Кочани на 12 Мај.

Второ место освои ученичката Евгенија Поп Стефановска од ООУ „Коле Канински“ – Битола под менторство на Марија Пискачева.

Трето место освои ученичката Лили Иломаноска од ООУ Тодор Ангелески“ – Битола под менторство на Ирена Настевска.

Поврзани новости