НАЈНОВО

Битола инфо

СВР Битола: Санкционирани се 51 возач за брзо возење, алкохол, без возачка дозвола

Секторот за внатрешни работи Битола во текот на вчерашниот ден (04.12.2023) продолжи со контролите во областа на сообраќајот.

На територија на СВР Битола изречени се вкупно 51 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 22 санкции, пет мерки за возење без возачка дозвола, две санкции за користење мобилен телефон при возење, шест санкции за непрописно паркирање,две санкции за управување под дејство на алкохол…

Од СВР Битола велат дека сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови и апелираат до граѓаните да ги почитуваме сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта.

Поврзани новости