Прилеп инфо

Се уште активен пожарот кај с. Зрзе

Регионалниот ЦУК Прилеп, известува дека пожарот кај с.Зрзе, Општина Долнени, е се уште активен во два крака: едниот кон с.Рилево, а вториот кон с.Сливје.

Во моментот во негово гаснење интервенираат 14 пожарникари од ТППЕ Прилеп со 4 ПП возила и 4 лица со 1 теренско возило од ЈП „Национални шуми“ подружница „Црн Бор“ од Прилеп. До сега имало најмалку два прелета со испуштање вода измешана со специјална ПП пена, на двата противпожарни авиона „ер трактори“ на ДЗС. Согласно ситуацијата на терен, воздушната противпожарна поддршка е насочена кон с.Рилево.

Пожарот во реонот на с.Кошино, Општина Долнени е повторно активен и се шири во правец на Општина Македонски Брод. Во моментот во негово гаснење интервенираат 6 пожарникари со 2 ПП возила од ТППЕ Прилеп.

Поврзани новости