НАЈНОВО

ВестиМакедонија

Слаби врнежи од снег има Маврово и Попова Шапка

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по влажни коловози. Слаби врнежи од снег има на Маврово и Попова Шапка.

Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.

АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.

https://www.youtube.com/watch?list=PLsinKgke3SaKtrkM_QLz5ssbxlDNXm-Jh&v=qKa9p3f5QDY&feature=emb_logo

https://www.youtube.com/watch?list=PLsinKgke3SaLPQXPSxxjJglaYV4v1yi6V&v=cTXZsdFTK_o&feature=emb_logo

Поврзани новости