НАЈНОВО

Моја кујнаРецепти

Совршен десерт – Киндер наполитанка

За оние кои допрва ја откриваат посебната магија во кујната, ви нудиме одличен десерт во чија подготовка ќе уживате, а секако задоволството ќе кулминира кога ќе го пробате токму она што ќе го подготват вашите раце. Направете се виртуоз во кујната и верувајте во вас. Секако, не заборавајте да ја додадете посебната состојка, љубов.

Инаку овој рецепт за наполитанка е малку помодоерна и поинаква верзија.

ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:

700 гр шеќер,
2 dl вода,
375 гр маргарин,
400 гр млеко во прав,
100 гр чоколадо,
1 пакување поголеми наполитанки

ПОДГОТОВКА:

Во сад ставете шеќер и вода. Варете додека не се згусне, па додадете го маргаринот да се растопи. Се трга од оган и се додава млекото во прав. Добро изматете со миксер и поделете ја масата на два дела. Во едниот дел додадете чоколадо. Наполнете го едниот лист обланда со темен фил, а другиот со лесен фил и така наизменично. Не го пополнувајте последниот лист. Оставете го колачот да се излади и притиснете го со нешто одозгора. Изладените наполитанки исечете ги на делови и послужете.

Поврзани новости