НАЈНОВО

Битола инфоВести

Сопругата на претседателот во предбожиќна посета на Битола

Сопругата на претседателот Елизабета Ѓоргиевска по повод божиќните празници во Битола ги посети Клиничката болница „Д-р Трифун Пановски“ и Домот на доенчиња и мали деца.

Како што соопштија од Кабинетот на претседателот, при посетата на Клиничката болница „Д-р Трифун Пановски“, Ѓоргиевска го посети детското одделениe. Во оваа установа, таа имаше средба со нејзиниот директор д-р Александар Обедниковски со кого разговараше за актуелната состојба и функционирањето на клиниката.

Во Битола, сопругата на претседателот беше во посета и на Домот за доенчиња каде што беше пречекана од в.д. директорката Анета Талеска. Во рамки на посетата, Ѓоргиевска се дружеше со децата кои престојуваат во домовите.

Поврзани новости