ВестиМакедонија

Со 246 км на час фатен возач на полициски радар

МВР сподели фотографија направена од полициски радар која сведочи дека е фатен возач кој итал со својот автомобил со брзина од дури 246 километри на час. Вчера на патиштата и улиците низ Македонија сообраќајната полиција казни 244 возачи.

Од казнетите 244 возачи, 13 возеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното, а четири возила се движеле со дури над 70 километри на час повеќе од дозволената брзина. Притоа 99 возачи ја пречекорилe брзината во населено место, а 145 надвор од населено место.

Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови, велат од МВР и апелираат до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи.

Поврзани новости