Здравје

Студија покажа колку долго децата со омикрон се заразни

Децата кои се заразени со омикрон варијантата на коронавирусот се заразни во просек три дена по позитивниот тест, покажа новото истражување.

Веќе на петтиот ден повеќето деца повеќе не се заразни, тврдат научниците кои ги објавија резултатите од истражувањето во списанието JAMA Pediatrics.

Додаваат дека информацијата е валидна без разлика дали децата се вакцинирани или не.

За истражувачки цели, научниците од американскиот универзитет Стенфорд анализираа брисеви од носот на 76 деца и адолесценти на возраст под 18 години, позитивни на Ковид-19. Сите беа заразени со омикрон варијантата на коронавирусот.

Подтиповите на омикрон како што се EG.5 и KSBB.1.16 моментално циркулираат во многу земји низ светот.

Германското здружение на педијатри (BVKJ) препорачува, како и во случај на настинка, децата заразени со коронавирусот да останат дома кога не се чувствуваат добро, имаат висока температура, дијареа или повраќање.

По 24 часа без симптоми, детето може да се врати во градинка или училиште.

Според претходните истражувања, возрасните заразени со омикрон се заразни малку подолго, во просек пет дена.

Поврзани новости