БалканВести

Тажна вест: Почина легендарниот Ќиро Блажевиќ – два дена пред роденденот

Тажна вест го потресе регионот на поранешната заедничка држава, но и целиот фудбалски вест, откако утринава од Загреб дојде веста дека починал легендарниот хрватски тренер, Ќиро Блажевиќ.

Тој го напушти земскиот свет по долга и тешка болест со која се бореше од 2011 година и тоа храбро и бестрашно, карактеристики кои го следеа низ целиот живот. Двапати ја победуваше, но третиот пат немаше сили за такво нешто. Почина два дена пред да го прослави 88. роденден.

Блажевиќ е роден во Травник во 1935 година, а најголемиот успех во тренерската кариера го оствари на ЕП 1996 година кога со „коскестите“ стигна до четвртфиналето и две години подоцна кога дојде до бронзениот медал на СП 1998. Тренерската кариера ја почна релативно млад и тоа на 33-годишна возраст во Швајцарија, а во пребогатата кариера работеше во клубови како Динамо Загреб, Ријека, Грасхопер, Нант, ПАОК, Хајдук, Ксамакс, а беше селектор и на репрезентациите на Иран и БиХ.

Поврзани новости