Прилеп инфо

Тешко повреден 33-годишен прилепчанец во сообраќајна несреќа

Две лица биле повредени, од кои едно се здобило со тешки повреди во сообраќајна несреќа, која се случила во Прилеп.

-На 02.07.2023 во 13.00 часот било пријавено дека на крстосницата од ул.„Борка Талески“ и ул.„Кеј 9 Септември“ во Прилеп се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „опел“, управувано од Ф.Ј.(33) од Прилеп и патничко возило „голф“, управувано од М.З.(26) од Прилеп, двете со прилепски регистарски ознаки.Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил сопатникот во возилото „опел“, З.М.(33), додека со телесни повреди се здобил возачот на возилото „голф“, М.З., констатирани во Градската болница Прилеп. Увид на местото извршила увидна екипа на ОВР Прилеп, соопштуваат од МВР.

Поврзани новости