Занимливости

Финска е најсреќната држава на светот седма година по ред, Македонија е на 84. место

Финска го задржа статусот на најсреќната земја на светот седма година по ред, следена од скандинавските соседи Данска, Исланд и Шведска, според годишниот Светскиот извештај на среќата.

Сепак, поради намалувањето на среќата особено кај младите луѓе во западните земји, САД и Германија за првпат испаднаа од првите 20 откако овој извештај почна да се прави пред повеќе од десет години. Србија, Бугарија и Летонија се земјите кои најмногу напредуваа на листата. Македонија се најде на 84. место, три места повисоко од лани.

Авганистан остана на последното место, зад Либан и Лесото.

Истражувањето опфати 143 држави и територии, при што животот во нив се вреднуваше со оценки од нула до десет. Како фактори беа земени предвид бруто домашниот производ по глава на жител, социјалната поддршка, слободите, нивото на корупција, очекуваниот животен век и великодушноста.

Во првите десет уште се Израел, Холандија, Норвешка, Луксембург, Швајцарија и Австралија.

Поврзани новости