НАЈНОВО

ВестиМакедонија

120 милиони евра преку ИПАРД 3 ќе бидат достапни за земјоделците

Македонските земјоделци во следниот 5 годишен период ќе имаат на раполагање 120 милиони евра од ИПАРД 3 програмата, најави вчера министерот за земјоделие Љупчо Николовски од меѓународниот симпозиум на УГД – „Агронаука и пракса“. Според искористеност на средствата од ИПАРД 2, Македонија е лидер во регионот.

– Единствени сме што сме подготвени да ја започнеме ИПАРД 3 програмата, први ќе ја започнеме и затоа 2 месеци ќе бидеме на терен, во секое населено место, во секој град. Нашите тимови ќе ги промовираат новитетите и можностите, затоа што следи најголемиот повик досега за модернизација во земјоделството и за искористување на овие европски средства- изјави Љупчо Николовски, министер за земјоделие.

45% од средствата на Унијата се наменети за секторот земјоделие, но она на што треба да се работи е зголемување на површините под земјоделски култури и враќање на интересот на младите луѓе за домашното производство на храна. Министерството обезбеди стипендии за најдобрите студенти на факултетите за земјоделство, шумарство и ветеринарство.

– Успеавме со наши пари, наша програма, преку одлука на Влада и за прв пат обезбедиме 18 000 денари месечно, 9 месеци, за студентите кои студираат на овие насоки. Имаме студенти кои се од тука (УГД), потпишаа договори и верувам дека оваа година прогрмата ќе ја зголемиме- додаде Николовски

Дополнително 50 практиканти од 4 година на студиските програми ќе имаат пракса во ресорното министерство, за што ќе добијат паричен надоместок од 70% од минималната плата.

Поврзани новости