Астрологија

Овен

Обврските трпат затоа што не сте сконцентрирани. Со мислите сте далеку затоа што однапред ги планирате активностите чија реализација и натаму е далеку. За да направите нешто конкретно, морате темелно да го подготвите теренот, а тоа не се постигнува со сонување.

Бик

Околу вас се собира негативна енергија која вие сте ја поттикнале. Ви се чини дека опкружувањето ве исцрпува, а го занемарувате фактот дека и вие, со своите постапки ги оптоварувате. Она кое го давата, тоа и ќе го добиете.

Близнаци

Добивате повик активно да се вклучите во проектите кои се развиваат во ваше опкружување. Од вас се очекува да бидете пионир во започнувањето на нова работа, а вие од некоја причина чувствувате дека тоа не е добро за вас. Послушајте ја својата интуиција, повлечете се.

Рак

Околностите ве наведуваат да донесете одлука која не е во склад со вашата природа. Подготвени сте на жртва, но во дното на душата чувствувате дека сето тоа е понижувачко за вас. Немојте да земате се на срце, ако е цел вашиот интерес, не е страшно понекогаш да се покорите.

Лав

Дозволувате финансиите да ви го контролираат расположението и динамиката на гледање со луѓето кои ви значат. Ако ги занемарите паричните проблемите, ќе видите дека за дружба и пријатен флерт не е неопходен полн паричник.

Девица

Сонувате, и полни сте со идеи па големи се шансите тоа добро да го претворите во финансии. Меѓутоа за да остварите некои цели ќе мора нешто да жртвувате, а тоа најверјатно е нешто што е поврзано за вашиот приватен и љубовен живот.

Вага

Аспектите ви носат прилив на енергија која во минатиот период ви недостасувала. За жал, паралено пристигнуваат и некои нови обврски преку кои оваа убавина ќе падне во сенка. Пред вас е напорна работа за која нема да ја добиете очекуваната награда.

Шкорпија

Не сте во форма, а работа имате многу. Не сте способни да одговорите на сите обврски што може да предизвика целосен пад на енергијата и колапс. Распределете ги своите капацитети и одложите се што може да чека на подобар момент.

Стрелец

Непланирани трошоци целосно ќе ве исфрлат од колосек. Не разбирате поради што, не можете финансиски да споите крај со крај. Не е проблем во малиот прилив на пари, туку во вашето непотребно трошење.

Јарец

Сонувате за успех на љубовен план. Спуштете се на земја. Поради нагласено променливо расположение засилено сте чувствутелни со што може да се искомплицираат односите во, ионака проблематичната врска, и да ве доведе до тешко искушение.

Водолија

Сведете го своето нетрпение и импулсивност на минимум за да избегнете поголеми проблеми. Дајте си себе слобода да полагате право на заслуги кои не сте ги заработиле. Време е да пронајдете убавина во откажувањето и давањето, па макар и да подарувате ситници.

Риби

Со својот став ја иритирате околината која има се помалку трепние за вашите грешки. Доколку не се соберете на време, во текот на денот може да дојдете до непријатна ситуација која ќе ве посрамоти. Успорете го темпото.

Поврзани новости