Сè уште имате време да ја подготвите најубавата посна трпеза досега со овие едноставни и вкусни рецепти.
Како што веќе сигурно знаете, за Свети Никола по правило се приготвуваат посни јадења, а ние ви издвоивме неколку најубави предлози за предјадење, главно јадење и десерт.
Салата со тестенини и сусам
Освен ајвар и посна руска салата, кои важат за класични посни предјадења, ви предлагаме да приготвите прекрасна салата со тестенини и сусам. Оваа иновација сигурно ќе ги воодушеви сите гости!
Состојки:
200 г тестенини
150 г посен мајонез
1 лажиче сенф
150 г пченка
200 г карфиол
1 поголема црвена пиперка
1 пиперка од туршија
1 помал црвен кромид
2 лажици сусам
2 лажици семки од сончоглед
180 г туна
Кликнете ТУКА за да видите како да ја приготвите оваа салата.
Посни пити од готови кори
Топлата, вкусна пита секогаш е добредојдена, па така и на слава. За вас издвоивме 3 највкусни посни пити од готови кори.
1. Пита со компири
2. Пита со зелка
3. Манастирска пита
Тавче-гравче
Гравот, секако, е задолжително јадење за посна слава, а ние ви предлагаме фантастичен рецепт за тавче-гравче.
Состојки:
600 г крупен бел грав
2 страка праз
8 сушени пиперки
4 печени црвени пиперки
2 ќесиња чај од нане
5 чешниња лук
2 лажици буковец
црн пипер
масло
сол
Рибја чорба со тестенини
Она што на мрсна слава е печеното месо, тоа е рибата на посната трпеза. Наместо стандардните филети или пржени парчиња риба, осмелете се и пригответе совршена рибја чорба со тестенини.
Состојки:
4 главици црвен кромид
2 помали моркови
1 резанка целер
1 помал пашканат
1 црвена пиперка
1 кг котлети од крап
1 рамна лажица сушена мелена пиперка
1 лажиче лут пипер
250 г излупени домати
200 мл бело вино
400 мл доматен сок
2 лаврови листа
500 г широки тестенини
пипер
сол
Манастирска торта
И последниот, а на многумина и омилениот дел од славската трпеза се прекрасните десерти. Нашиот предлог е манастирската торта, која е најдобрата и најнеобичната посна торта за Свети Никола.
Засукајте ги ракавите и пригответе ја најубавата славска трпеза досега!