НАЈНОВО

Моја кујнаРецепти

Ролат од спанаќ за празничната трпеза

Доколку ви недостасуваат идеи за празничната трпеза, пробајте со овој рецепт кој навистина ќе ја збогати масата и ќе ги шармира гостите.

Заовој рецепт, секако спанаќот е основата на филот, а наместо шунка, може по желба да ставите пилешко, мисиркино, свинско, а можете да ја изрендате, исечкате или исечете.

Состојки

Бисквит:

3 јајца
3 лажици масло
4 лажици брашно
100 гр бланширан спанаќ (може да користите и замрзнати брикети)
по вкус: сол и бибер

Фил:

150 гр фета сирење
100 гр кисела павлака
150 гр тенко исечена прашка шунка
По вкус: сол и бибер.

Подготовка:

Подгответе плех 30*30 за бисквитот и обложете го со хартија за печење. Загрејте ја рерната на 180 степени. Одделете ги белките од жолчките. Во жолчките додадете масло, брашно, ситно сечкан спанаќ и зачини. Белките изматете ги цврсто со прстофат сол. Соединете ги двете смеси. Истурете во тавата, израмнете и печете околу 6 минути. Изладениот бисквит завиткајте го заедно со хартијата и завиткајте го во влажна крпа.

За филот соединете павлака и сирење. Зачинете по вкус. Оставете околу 2 лажици фил за финиш. Одвиткајте го бисквитот, покријте го со половина од филот, наредете ги кришките шунка и покријте со другата половина од филот. Завртете ја ролната. Оставете го да отстои во фрижидер околу еден час. Покријте го со фил.

*Напомена: Некогаш додавам повеќе фил, но не премногу (200 гр фета сирење и 150 гр павлака со напомена дека користам сомборска фета, ако користите помека фета ставете помалку павлака, повеќе сирење).

Секоја торта (и солена и слатка) се сече подобро кога малку ќе се „одмори“.

Кога станува збор за филот, можете да користите разни сирења и намази со сирење. Шлаг, крем сирење, фета сирење, ситно сирење… Важно е филот да биде помек за да може убаво да се размачка. Потврдите сирења разредете ги со кисела павлака или мајонез. Зачини по вкус. Покрај горенаведеното, на корите може да додадете и прстофат лук во прав. ,,Кога го правам филот со спанаќ, ја сечам или рендам шунката, ја пропржувам кратко време (да биде миризлива), го додавам спанаќот (повеќе или помалку) и кога се ќе се олади мешам со кашкавалот/сирењата. Декорацијата е секогаш по избор” – Советува Кристина Гашпар во рубриката ,,Домаќинка за вас” за danas.rs.

Извор

Поврзани новости