НАЈНОВО

ЗабаваШоубиз

Џенис од „Пријатели“ откри што мисли за шокантната исповед во мемоарите на Метју Пери

Ѕвездата на „Пријатели“, Меги Вилер, рече дека мемоарите на Метју Пери се „тажни“ и „тешки“ за читање.

Позната од серијата,, Пријатели” и незаменливата улога на девојката на Чендлер со иритантна насмевка што како и денес да ја слушаме, актерката Меги Вилер за Page Six се отвори и раскажа дека и било тешко да ги чита мемоарите на нејзиниот колега Метју Пери.

Зборувајќи за скороиздадената книга со шокантно признание од актерот, на Вилер и било неверојатно тешко, затоа што во неа имало толку многу зачудувачки откритија за начините на кои Метју страдал во текот на годините обидувајќи се да се справи со неговите зависности.

Во книгата ,,Friends, Lovers and the Big Terrible Thing”, Пери откри дека за малку ќе умрел пред неколку години на 49-годишна возраст кога дебелото црево му пукнало од предозирање со опиоиди. Актерот поминал две недели во кома и пет месеци во болница.

53-годишната ѕвезда од „The Whole Nine Yards“, исто така сподели дека во еден момент конзумирал 55 апчиња Викодин и еден литар вотка само за да го издржи денот и кажува дека издвоил околу 9 милиони долари обидувајќи се да се отрезни.

Мислам дека направи огромна работа и навистина го преживеа незамисливото“, вели Вилер.

Толку сум горда на него и многу сум среќна што е тука и мислам дека е многу храбро од него да напише книга и јавно да зборува за неа, тоа навистина им помага на многу луѓе“. Таа истакна дека и покрај очигледните борби на Пери на снимањето на „Пријатели“, за што сведочи неговото драматично слабеење и зголемување на телесната тежина, тој отсекогаш бил совршен професионалец.

Се појавуваше на работа дури и кога беше во најмрачните денови и тоа со сиот свој хумор, брилијантност и талент.

Никогаш немаше ден да работам со него на снимањето и да се чувствувам несигурна за тоа како ќе учествува во процесот, затоа што тој беше 100 проценти присутен, дури и кога се мачеше“, објаснува Вилер.

Апро по, во едно интервју во врска со тие денови, актерот објасни дека и покрај преголемиот мамурлук кој го чувствувал секој ден на сетот, Пери секогаш бил присутен, точен и принципиелен за време на снимањето на серијата затоа што бил свесен дека тоа биле неговите најубави денови од животот и дека ако нешто погреши, никогаш не би си простил на себе си. 

А што се однесува до тоа да се биде дел од историјата на поп културата, Вилер е воодушевена.

Неверојатно е да се биде дел од нешто што значи толку многу за толку многу луѓе, што им носи радост на луѓето и ги прави да се чувствуваат мирно и среќно“, вели таа. „Слушам толку многу приказни за луѓе кои гледаат ,,Пријатели” пред спиење, па да, одлично е да се биде дел од нешто што сега има толку голема резонанца не само овде, туку и низ целиот свет“.

Актерката неодамна беше домаќин на тематската вечер „Пријатели“ во соработка со компаниите International Delight и Warner Bros.

Нешто повеќе околу книгата на Метју Пери која веќе е познат бестселер, можете да погледнете подолу во видеото.

Поврзани новости