Занимливости

Една монета од 2 евра вреди дури 4.000 евра – има неколку серии кои имаат исклучителна вредност

Европската унија продава специјални монети во ограничени серии во одредени ситуации. Со текот на времето, тие стануваат исклучително вредни. На овој начин поединечните монети од две евра денес вредат 4.000 евра.

Во чест на 25-годишнината од смртта на принцезата Грејс Кели, Монако искова 20.001 монета од две евра со нејзиниот лик. Во периодот од 2007 до 2014 година, 20.000 од нив излегоа на пазарот бидејќи една му беше дадена на принцот Алберт Втори, синот на Грејс Кели. Во една комеморативна серија некогаш се произведени помалку монети, што дополнително ја зголемува вредноста на оваа од Монако.

Во периодот додека се уште се произведуваа се продаваа по просечна цена од 120, а денес вредат 4.000 евра. Исто така, исклучителна вредност имаат и поединечните монети од две евра од Литванија. Монетата која е произведена во 2021 година е со вредност од околу 3.000 евра, но не поради ограничена серија, туку поради грешка, пишува Пословни дневник.

Од 500.000 во оптек, 500 имаат пропуст на рабовите. Исто така, уште една серија од две евра од Монако достигнува исклучителна вредност. Произведен е во 2016 година во чест на 800-годишното постоење на тамошната тврдина и се продава за 1.500 евра бидејќи е лимитирана серија.

За вредноста на монетата посветена на Грејс Кели се интересираа и твитерџиите, кои честопати ја огласуваат монетата на Твитер со нагласок дека вреди многу повеќе од многу други.

Поврзани новости