Македонија

Акциски контроли во Битола, Прилеп, Демир Хисар

Во рамките на кампањата “Безбедно лето 2023” последните денови СВР Битола реализираше повеќе акциски контроли во Битола, Прилеп и Демир Хисар.

Полициски службеници од криминалистичката полиција при СВР Битола спроведоа акциска контрола на повеќе локации на подрачјето на Битола. Во парк биле затекнати лица како играат комар, при што кај нив биле пронајдени пари и други предмети. По документирање на настанот против нив ќе биде поднесена соодветна пријава.

Две улица други две лица биле лишени од слобода бидејќи кај нив биле пронајдени и одземени марихуана и дробилка. По документирање на случајот против нив ќе биде поднесена соодветна пријава.

При контрола на угостителски објект се затекнати 7 малолетници. Тие со потврда се предадени на родителите.

При контрола во 5 угостителски објекти во Битола, во два од нив се констатирани прекршоци кои ќе бидат соодветно санкционирани.

При акциска контрола на СВР Битола во рамки на „Безбедно лето 2023“ затекнати малолетници во угостителски објекти по полноќ и под дејство на алкохол во Прилеп и Демир Хисар.

Во Демир Хисар се затекнати тројца малолетници под дејство на алкохол, кои се предадени на нивните родители, а по документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

За време на контрола во угостителски објекти во Прилеп затекнати се 34 малолетници, а кај 11 малолетни лица било констатирано дека се под дејство на алкохол. За сите констатирани неправилности ќе бидат поднесени соодветни пријави.

Поврзани новости