ВестиМакедонија

Бодибилдерот Ивица Јанев стана европски бодибилдинг шампион

Македонскиот бодибилдер Ивица Јанев стана европски шампион во Бодибилдинг класик физик златна ера на Бодибилдинг. Претходно беше прогласен за вицешампион во Бодибилдинг класик на Европското првенство кое се одржуваше во Санта Сузана, Шпанија.

Во првата категорија Јанев го освои златото од вкупно 940 натпреварувачи, додека пак среброто го освои во конкуренција од 260 натпреварувачи. Вкупната бројка на пријавени натпреварувачи на Европското првенство надминува 2000.

– Прекрасен момент и искуство за мене како личност, спортист, татко, маж, нутриционист и ментор на многумина на кој му го менувам животот на подобро и поквалитетно, поздраво живеење! Успех на кој сум горд јас како индивидуа за постигнатото и се надевам и сите Вие кои ме подржувате сте горди и не ве разочарав, туку ве мотивирав да се борите во животот лавовски, вели Јанев.

Неодамна македонскиот билдер го освои и Дијамантскиот куп во српски Чачак и Трофеј на Чачак, каде што беше прогласен за двократен Апсолутен шампион, организиран од најпрестижната федерација за бодибилдинг и фитнес во светот IFBB. Има освоено шест злата и две титули Апсолутен победник и една Про карта од два меѓународни натпревари одржани во Србија.

Поврзани новости