Битола инфо

Бројни награди за пет ученици од Музичкото училиште од Битола

INTERNATIONAL COMPETITION DAVORIN JENKO е јавна музичко-педагошка манифестација на која учествуваат редовни и вонредни ученици од основните и средните училишта, музички институции, како и студенти на музички академии. Жирито на натпреварот го сочинуваат истакнати музичари уметници од Србија и странство.

Од музичкото училиште од Битола зедоа учество со пет ученици под водство на проф. м-р Маја Божиновска.

Јана Попрцова Трајковска 4 одд.
100 поени 1 награда
Се натпреваруваше во преткатегорија Б, каде меѓу повеќе од 70 учесници ги освои максималните бодови.
Изведе дела од:
Ј. С. Бах – Мал прелудиум бр. 6 во e-moll
Ј. Хајдн – Сонатa (Divertimento) во G-dur
Ф. Шопен – Валцер (Sostenuto) во Еs-dur

Дуо пијано Ана Пиловска / Деспина Куновски 6 одд.
Лауреат 100 (максимални поени во категоријата)
Се натпреваруваа во категорија А и изведоа дела од :
1. К. Гурлит – Идила оп. 147
2. Коровицын – Балаганчик

Ана Пиловска 6 одд. 1 награда
Категорија А
Л. Ван Бетовен – Соната оп. 49 бр. 2 G-dur
Ф. Шопен – Валцер оп. 69 бр. 2

Деспина Куновски 6 одд. 2 награда
Категорија А, изведе дела од:
В. А. Моцарт – Соната бр. 5 во G-dur K. 283
Ф. Шопен – Мазурка оп. 17 бр. 2
Ф. Менделсон – Песна без зборови оп. 38 бр. 2

Софија Михајловска I клас 1 награда
Категорија Ц
Софија Михајловска I клас
Л. ван Бетовен – Патетична соната оп. 13, I став
Ф. Лист – Сонет по Петрарка оп. 104

rpt

Николче Петкоски 4 клас 2 награда
Категорија Д
Ј. С. Бах – Прелудиум и фуга во G-dur, I книга
Л. ван Бетовен – Соната оп. 22, I став
С. Рахмањинов – Етида оп. 33 бр. 8
Ф. Шопен – Валцер оп. 34 бр. 1

Поврзани новости