НАЈНОВО

Битола инфо

СВР Битола: контроли на товарните возила, 54 санкционирани возачи

Секторот за внатрешни работи Битола во текот на вчерашниот ден 16.04.2024 година во времето од 10.00-16.00 часот продолжи со контролите во областа на сообраќајот кај товарните возила.

На територија на СВР Битола изречени се вкупно 54 мерки за прекршоци кои ги прават возачите на товарно возила, меѓу кои 13 мерки за непрописно паркирани, 20 санкции за зборување на мобилен телефон, 14 мерки за некористење на сигурносен појас, 4 мерки за бесправно управување… Откриени се и 21 останат прекршок.

Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните да ги почитуваме сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта.

Поврзани новости