Балкан

ВИДЕО: Грција погодена од силно невреме, осум точки се критични

Грчките региони Магнезија и Споради ги зафати невремето Даниел, а први проблеми се забележани во Волос, во селата Пелион и на периферијата на Тесалија.

Во Волос сообраќајот е во прекин на обиколницата, возилата се заглавени во близина на стадионот „Пантесаликос“, а противпожарните служби се обидуваат да ги ослободат возачите. Во голема неволја е и болницата во Волос бидејќи во ординацијата со машини влегла вода.

Карактеристично за ситуацијата е видеото што на „Фејсбук“ го објави градоначалникот на Волос, Ахил Беос, кој возачите што ги среќаваше на поплавените улици во Волос ги прашуваше каде одат?

https://www.facebook.com/watch/mpeosachilleas/?ref=embed_video

„Каде одите? Ова што се случува е лудост. Сме кажале 100 пати. Апелирам до сите да не излегуваат од дома. Каде одите луѓе, каде? Погледнете до каде е водата. Не слушаш, каде одите сите? Од вчера ви кажуваме, реките ќе се излеат. Одете во своите домови“, порача Беос на „Фејсбук“, а пренесува „Прототема“.

Во пелионската област многу села се без струја, паднаа дрвја, а надлежните апелираат до граѓаните да не ги напуштаат своите домови доколку не е потребно.

Ноќта помеѓу понеделникот и вторникот беше проследена со силно невреме и со удари на гром, а во раните утрински часови силен ветер ги погоди општината Агија и брегот на Лариса поради што многу села во околината останаа без струја.

Поплави го погодија и Скијатос. Според градоначалникот на островот, Тодорис Цума, некои патишта се поплавени и апелира до граѓаните да не излегуваат од куќите, освен ако тоа не е итно, а поднел и барање за прогласување вонредна состојба во таа општина.

Метеоролозите најавуваат дека денеска обилни врнежи и невреме ќе има во Епир, на Јонските Острови, Пелопонез, Тесалија и на Евија.

Поврзани новости