НАЈНОВО

ВестиСвет

Видео: Огромен метеор го осветли небото во Велика Британија

Црното небо во Велика Британија беше осветлено од огромен метеор што ги натера луѓето да се воодушеват. Набрзо излегоа бројни видеа на социјалните мрежи.

Многумина тврдат дека тоа е една од најголемите „огнени топки“ што некогаш ги виделе.

Метеорите се парчиња отпад од вселената кои влегуваат во атмосферата на Земјата со брзина од околу 70 километри во секунда.

Постојат околу 186 камери распоредени во Велика Британија кои детектираат метеори на небото и испраќаат податоци до Глобалната мрежа на метеори.

Камерите забележале 1.614.338 метеори минатата година, но ниту еден не бил толку јасно видлив како овој, пренесува „Индепендент“.

Поврзани новости