ЗабаваЗанимливости

ВИДЕО: Сега и робот може да ви точи гориво додека седите во автомобилот

Живееме во ера во која технологијата станува дел од речиси сите сфери од животот. Полнењето гориво досега беше човечка активност, но данската компанија „Аутофјул“ нуди роботски систем за полнење гориво кој не бара вклученост од возачот. Системот се состои од роботска рака која точи гориво во автомобилот.

Системот бара од корисникот да се регистрира и да ги внесе деталите за автомобилот, а потребно е автомобилот да има специјално капаче на резервоарот за гориво за да се олесни процесот.

На екран, корисникот ќе добие информации како да го паркира автомобилот, а потоа роботската рака ќе го отвори резервоарот и ќе го наточи горивото. Во меѓувреме се врши автоматизирано плаќање.

Системот може да се примени и за електрични автомобили и за автомобили што возат на плин. Се очекува дека пазарот за роботско точење гориво ќе вреди 50 милијарди долари до 2028 година.

Поврзани новости