Рецепти

Вкусни и крцкави: Рецепт за похувани тиквички

Похуваните тиквички можат да бидат одличен оброк. Најчесто се подготвуваат со брашно, јајца и зачини.

Наместо обично бело брашно, користете брашно од наут, при што ќе го зголемите процентот на протеини.

Потребни состојки:
400 грама тиквички
90 грама брашно од наут
3-4 лажици сечкан свеж копар
1 лажица таан намаз
1 лажица свежо исцеден сок од лимон
1 лажичка сенф
сол и бибер по желба
Начин на подготовка:
1. Добро измијте ги тиквичките, исушете ги и исечете ги на тенки парчиња. Посолете ги и оставете ги настрана десетина минути. Потоа ставете ги во чиста памучна крпа и добро исцедете го вишокот вода.

2. Измешајте сок од лимон со таан намаз. Во добиената смеса додадете брашно, сечкан копар, сол и бибер по желба.

3. Оставете ја смесата да отстои околу 15 минути.

4. Испрпелајте ги тиквичките во смесата со брашно, а потоа префрлете ги во тава со загреано масло.

5. Пржете ги тиквичките околу три до четири минути од секоја страна, додека не добијат златно кафеава боја.

6. Послужете ги веднаш со сос по ваш избор. На здравје!

Поврзани новости