Битола инфо

Во Битола одбележан државниот празник Илинден

Градоначалникот на општина Битола Тони Коњановски, делегација од Советот на општина Битола, предводена од претседателката Габриела Илиевска, претставници на Сојузот на борци и политички партии од градот, по повод државниот празник Илинден положија цвеќе на споменикот на двата Илиндена пред Центар за култура-Битола и Споменикот на илинденците во Храмот „Света Недела“.

– Денешниот празник Илинден, како еден од најголемите празници на нашата, македонска историја и денес не потсетува, не опоменува и ни порачува дека, единствениот напредок и успех е возможно да се постигне, само преку заедништво, сплотеност и истрајност во борбата за Македонија, истакна градоначалникот Коњановски.

-Поклонувајќи се пред спомен-обележјата, оддаваме почит на сите наши револуционери, херои, кои храбро се бореа за постигнување на целта на сите Македонци, за државотворноста и зачувувањето на националниот идентитет, јазик, култура и традиција. Со голема почит кон нивното дело и положените животи, наша обврска е низ идеалите на нашите Илинденци, преку истакнување на човечките вредности, меѓусебна почит, разбирање и толеранција, да ги надминеме предизвиците на денешнината и да продолжиме да создаваме подобра иднина и сигурност за нашите поколенија, посочи Коњановски.

Поврзани новости