НАЈНОВО

Настани

Во Битола ќе биде изведена театарската претстава „Бегалка“ во која учествуваат и лица со интелектуална попреченост

Центар за поддршка на лица со интелектуална попреченост „Порака“ од Битола, вечер на сцената на битолскиот театар ќе изведе адаптирана театарска претстава на драмата „Бегалка“ од Васил Иљовски во која меѓудругите ќе настапат и актери-аматери, лица со попреченост.

Театарската претстава е подготвена поводно, за Меѓународниот ден на лицата со попреченост и освен лица со интелектуална попреченост, во претставата ќе настапат актери од битолскиот театар, ученици од основните училишта „Тодор Ангелески“ и „Др Трифун Пановски“, како и средношколци од Државното музичко училиште во Битола.

„Целта е вклучување на лицата со попреченост во културата и уметноста преку театарот како алатка за изразување на можности. Така и оваа нивна активност за вклучување во секојдневниот живот ,инклузија и недискриминација, се зголемува со секој наш и нивен обид. Тоа ќе го сторат со повеќе или помалку умешност, но тоа е уште еден обид да им покажеме на сите гледачи дека не постои тешко или лесно, туку постои сакам или не сакам, а очигледно е дека сакаме“, информираа од Центар за поддршка на лица со интелектуална попреченост „Порака“-Битола.

Поврзани новости