ВестиЕкономија

Во декември за основните потреби на четиричлено семејство, му требале 51.235 денари

51.235,00 денари или 833 евра, толку пари им требало на едно семејство да го помине декември за да преживее.

Синдикалната кошничка покажува дека инфлацијата во декември удрила со 18,7 проценти по џебовите на граѓаните, само за исхрана и пијалоци биле потребни 19.226 денари, за домување 13.093 денари, за хигиена 3 .050 денари, за превоз требало да одвојат 3.668 денари а за да си го одржат здравјето требало д апотрошат 801 денар.

Гледано низ пресметките на ССМ животот на граѓаните станувал од месец во месец се поскап и потежок, па така, ако во јануари минатата година едно семејство за да преживее му требало 35. 811денари таа сума за животни трошоци во декември стигнала над 51 илјада денари, односно животот станал поскап за плус 250 евра или блиску до една минимална плата од 18.000 денари.

Цените на храната го истенчија домашниот буџет. Трошоците на животот во 2022 година, во однос на 2021, забележале пораст од 14.2 %, а цените на мало од 12.6 %, соопшти денеска државниот завод за статистика.

Во декември лани пак, во споредба со претходниот месец, трошоците на животот се намалиле за 0.2, а цените на мало се зголемиле за 0.7%.

„Пораст на индексите е забележан во групите: храна и безалкохолни пијалаци за 20.9 %, транспорт за 19.5 %, ресторани и хотели за 15.5 %, домување, вода, електрика, гас за 13.3 %. Индексот на трошоците на животот во декември 2022 година, вo споредба со декември 2021 година, забележа пораст од 18.7 %, а индексот на цените на мало забележа пораст од 15.1 %.“. – се наведува во соопштението на ДЗС.

Податоците покажуваат дека ни две минимални плати не се доволни за крпен живот, а дел од економските експерти пак се на ставот дека платите ги јаде двоцифрената инфлаација, но и дека минималната плата ја изгуби вредноста во сооднос со скапиот животен стандард на граѓаните кои едвај крај со крај врзуваат за да преживеат.

Поврзани новости