КултураНастани

Во Офицерскиот дом се одржа манифестацијата „Креативна млада Битола“

На платото пред Офицерскиот дом во Битола денеска се одржа манифестацијата „Креативна млада Битола“ во организација на Културно информативниот центар-Битола.

На манифестацијата „Креативна млада Битола“ учествуваа голем број на ученици и наставници од основните и средните училишта од Битола коишто на најдобар можен начин ја покажаа нивната креативност.

Младите битолчани цртаа, рецитираа, глумеа, пееја, изработуваа дела во глина.

-На оваа манифестација што за првпат се организира во Битола, младите битолчани ја покажаа моќта на креативноста. Креативноста на младите е наша стратешка и програмска цел. Битолските основци и средношколци нивните креативни презентации од областа на поезијата, прозата, ликовната уметност, музиката и бројни други креации, ги создаваа под менторство на нивните професори и наставници. Овој настан е дел од меморандумот за соработка која КИЦ Битола и претставниците на средните битолски училишта ја потпишаа пред два месеца, а која веќе донесе неколку соработки и отвори можност за креативно претставување на младите во Битола-истакна на манифестацијата директорката на КИЦ-Битола, Лили Бошевска.

Поврзани новости