НАЈНОВО

Настани

Во Прилеп отворена изложба на дела од Мал Битолски Монмартр

Изложба на дела од Мал Битолски Монмартр е отворена денеска во Ликовната галерија од ЦК „Марко Цепенков“ во Прилеп. Пред љубителите на ликовната уметност и за учениците од основните и средните училишта, презентирани се 30 дела од учесници на
манифестацијата од 4 до 18 години од 20 земји. Изложбата ја отвори Славчо Неделковски од детското ликовно студио „Свети Кирил и Методиј“ од Битола, кое е организатор на ликовната манифестација. Неделковски посочи дека по десетти пат во Центарот се отвора изложба од Мал битолски Монмартр, и дека тоа стана традиција.

– Задоволни сме што изложбата се отвора пред празникот Свети Климент, бидејќи се навршуваат 45 години од кога основачот на манифестацијата Коста Хаџи – Антоновски ја доби Свети Климентовата повелба. Инаку, годинава славиме 55 години од постоењето. Продолжуваме со истото темпо, мотивирани како никогаш досега. Детското ликовно студио „Свети Кирил и Методиј“ во своето постоење има обединувачка мисија. Нашите резултати се видливи и се заради сплотеноста на едно огромно семејство на глобална заедница на ликовни педагози – професори, мецени, поддржувачи на уметноста преку реалноста. И пред с# заради љубовта на младите да сликаат и да ја пренесуваат својата енергија – посочи Неделковски на отворањето на изложбата на Малиот Битолски Монмартр.

ЦК „Марко Цепенков“ изложбата ја реализира со поддршка на Министерството за култура.

Поврзани новости