Свет

Во јуни ќе се појават фунтите со ликот на кралот Чарлс

Банкнотите со ликот на кралот Чарлс III ќе стапат во оптек од 5 јуни, објави Банката на Англија (БОЕ), која го покажа својот дизајн пред повеќе од една година.

Портретот на кралот ќе се појави на банкноти од пет, 10, 20 и 50 фунти и ќе циркулира заедно со постоечките со кралицата Елизабета, објави Ројтерс, пренесува Ало.рс.

Новите банкноти со ликот на кралот Чарлс ќе ги заменат истрошените и ќе ја задоволат зголемената побарувачка за британски банкноти. Банката нагласи дека се е направено во договор со кралското семејство и дека ќе се земе предвид влијанието врз животната средина. Тоа значи дека новите банкноти со ликот на 75-годишниот монарх, кој е познат по своите еколошки активности, ќе стапат во оптек „многу постепено“, додаваат од Банката на Англија.

Поврзани новости