БалканВести

Грчки борбен авион се урна во Јонско Море, се трага по пилотите

Грчки спасувачи трагаат по двајцата пилоти на борбениот авион Ф-4 кој денес се урна во Јонско Море кај западна Грција, јави грчката државна телевизија.

Авионот, кој бил на тренажен лет, се урнал на 25 наутички милји (46 километри) јужно од воздухопловната база Андравида на полуостровот Пелопонез.

Грчките медиуми јавуваат дека двајцата пилоти се катапултирале од леталото, но властите не можеа да ја потврдат таа информација. Грција борбените авиони од американско производство Ф-4 „фантом“ првпат ги набавија во 1974 година.

Поврзани новости