Занимливости

Дали знаете зошто швајцарското сирење има дупки?

Швајцарското сирење (кашкавал) секогаш се опишува како сирење со дупчиња. Има цврста форма и сладок вкус. Исто така, има многу малку сол во споредба со другите сирења, вели д-р Марк Џонсон, истакнат научник во Центарот за истражување на млечни производи при Универзитетот „Висконсин“.

Првпат било направено во 14 век во Швајцарија, поточно на Алпите.

– Тоа било тврдо сирење кое имало долг рок на траење и лесно можело да се транспортира по планините каде што се произведувало. Денес, терминот швајцарско сирење не се однесува на тоа од каде доаѓа сирењето, туку на видот на сирењето, во однос на тоа како се прави – објаснил тој.

Производителите на сирење додаваат специјална бактерија наречена пропионибактериум шермании, која произведува јаглерод диоксид. Јаглеродниот диоксид се собира на одредени места во сирењето и создава големи меурчиња. Ниту едно друго сирење не ја користи оваа култура, освен швајцарското и другите верзии на швајцарски кашкавал.

Швајцарското сирење или кашкавал без дупки се нарекува „слепо швајцарско“, но ова се смета за недостаток. Ако видите кашкавал означен како швајцарски, а нема дупки, тоа не е вистинско швајцарско сирење и нема да ги има вкусот и текстурата што ги барате.

Поврзани новости