НАЈНОВО

UncategorizedБитола инфо

Денеска започнува Битолско културно лето

Со спектакуларниот настан „Вива Верди“, на кој ќе настапи Камерниот оркестар на Битола и над 130 учесници, денеска започнува 15 издание на Битолското културно лето „БИТ ФЕСТ“.

На истиот ќе се изведуваат дел од најпопуларните опери на Џузепе Верди како Травијата, Аида, Моќ на судбината, Набуко, Риголето и др.

Како солисти на концертот ќе се претстават: Горан Начевски, Наде Талевска, Кристијан Антовски, Марија Наумовска, Нико Ѓоргиевски и прекрасниот сопран – Зана Абази Рамадани во придружба на Камерниот оркестар на Битола, хор и оперски солисти предводени од диригентот Владимир Димовски.

Свеченото отворање е во 21 часот на Хераклеја.

Поврзани новости