ЗабаваШоубиз

Еминем одбил милиони за да настапи на Светското првенство во Катар?

Раперот 50 Cent тврди дека Еминем одби 8 милиони долари за да настапи на Светското првенство минатата година.

Според него, за него и 50-годишниот Еминем имало понуда од девет милиони долари за настап на турнирот во Катар. Од тоа, осум милиони ќе му припаднат на Еминем, а еден милион на него. Понудата, вели тој, дошла поради нивниот настап на минатогодишниот Супер Боул Хафтај Шоу.

„Поради Суперболот добив барање за Светското првенство и тие имаа буџет од 9 милиони долари. Би зел еден, а потоа другите осум би биле за него“.

50 Cent, чие вистинско име е Кертис Џексон III, се обидел да преговара со раководството на Еминем, но тој не бил подготвен да настапи, пренесува MSN.

Поврзани новости