Ракомет

Еурофарм Пелистер се раздели со седум ракометари

Заврши сезоната во македонската ракометна Суперлига, нов шампион е Еурофарм Пелистер кој во Битола заедно со навивачите ја прослави титулата.

Клубот со завршна манифестација во Голд Фелициа во Битола ја одржа последната активност за сезоната 2022/23.

На свеченоста зборуваа претседателот Зоран Стерјев, спортскиот директот Димитар Митревски и претставници на стручниот штаб на Еурофарм Пелистер и Еурофарм Пелистер 2.

Вкупно седум ракометари ќе ја напуштат екипата, тие се Усама Хосни, Мохамед Суси, Милорад Кукоски, Гоце Ојлески, Бојан Маџовски, Себастијан Хенеберг и Мартин Велковски.

Наскоро се очекуваат нови засилувања на кои ќе смета стручниот штаб за следната сезона во која покрај домашните обврски, играчите на Александар Јовиќ ќе бидат активни и во ЕХФ Лигата на шампионите.

Поврзани новости