НАЈНОВО

СпортФудбал

За да го гледа натпреварот меѓу Меси и Роналдо, саудиски милијардер платил 2,4 милиони евра

 

Саудиски милијардер платил 2,4 милиони евра за ВИП билет за пријателски фудбалски натпревар помеѓу Пари Сен Жермен и ол-стар тимот од Ријад, објавија француските медиуми.

Како што пренесува весникот Екип, егзибицискиот натпревар би требало да биде последниот натпревар на кој како ривали на теренот би учествувале големите фудбалски ѕвезди Лионел Меси и Кристијано Роналдо.

Меси игра за Пари Сен Жермен, а Роналдо неодамна како слободен играч од Манчестер Јунајтед се пресели во Саудиска Ал Наср каде според договорот за две години треба да заработи 200 милиони евра.

Договорот предвидува и дека Роналдо ќе биде еден од главните промотори на кандидатурата на Саудиска Арабија да биде домаќин на Светското првенство во 2030 година.

Поврзани новости