Македонија

Времето денеска: Сончево со умерена облачност

Времето денеска ќе биде сончево со умерена облачност. Кон крајот на денот и во текот на ноќта ќе има локални врнежи од дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец, информираат од УХМР.

Минималните температури ќе се движат во интервал од -2 до 6 Целзиусови степени, а максималните од 9 до 21 степен.

Во Скопје ќе биде сончево со умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец. Минималната температура ќе биде 2, а максималната 19 Целзиусови степени.

Утре времето ќе биде претежно облачно со повремени врнежи од дожд, наместа пообилни и поројни, проследени со ретки грмежи. Ќе дува слаб до умерен, а долж Повардарието и во источните делови повремено засилен ветер од југоисточен правец.

Поврзани новости