Македонија

Последен ден од кампањата за претседателските избори, од полноќ молк

Последен ден претседателските кандидати во обид да добијат глас повеќе. Се заострува и реториката. Изборниот молк во сила почнува на полноќ. Во среда граѓаните ќе избираат претседател. Претендентите и денеска продолжуваат со своите карвани.

Кандидатката за претседател Гордана Силјановска Давкова, поддржана од ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата, на средби и митинзи со граѓаните на Лозово, Карбинци, Пробиштип и на Штип. Кандидатот поддржан од СДСМ Стево Пендаровски ќе оствари средби со граѓани во Демир Хисар, Ресен и во Битола. Претендентката Билјана Ванковска од Левица поддршката ќе ја бара во Кичево и во Гостивар. Кандидатот за претседател Стевчо Јакимовски од ГРОМ ќе има средби со граѓани од Ѓорче Петров и од село Волково. Претендентот за шеф на државата од движењето ГРОМ ќе им ја претстави изборната програмата пред жителите на Радовиш, Василево, Ново Село, Босилево и на Струмица.

И кандидатите за претседатели од албанскиот политички блок на средби и митинзи. Претендентот Арбен Таравари од коалицијата „Вреди“ вечер ќе има митинг во Скопје пред Скендербег. Со агенда за презентирање на програмата продолжува и кандидатот од ДУИ и коалицијата Бујар Османи.

Продолжуваат и карваните на партиите за парламентарните избори.

Државната изборна комисија (ДИК) викендов го дистрибуираше недоверливиот и доверливиот материјал, вклучувајќи ги и избирачките ливчиња, до Општинските изборни комисии кои во вторник треба да го достават до Избирачките одбори.

Според најавите, првичните информации за изборните резултати би требало ДИК да ги објави пред полноќ на 24 април.

Поврзани новости