НАЈНОВО

Рецепти

Идеи за појадоци што ќе ви го израмнат стомакот

Појадокот треба да биде обилен и вкусен, но и добро избалансиран, за да го започнете денот полни со енергија и елан.

Ова значи дека треба да се откажете од пекарските производи и да си подготвите нешто вкусно и полно со протеини.

Ова се неколку предлози за здрав појадок и енергичен ден:

Јајца и сланина – две јајца на око, две парчиња печена сланина и црн леб се богат и хранлив појадок кој долго време ќе ве држи сити.

Практикувајте го еднаш неделно или почесто, ако имате потежок тренинг во текот на денот.

Кајгана со зеленчук – јајцата се одличен извор на протеини – едно поголемо јајце содржи шест грама. Појадок базиран на јајца или протеини ќе ви го намали копнежот кон јаглехидратите во текот на денот, што на крајот ќе значи помалку калории.

Започнете го денот со 3 пржени јајца (кајгана) и ваш омилен сезонски зеленчук.

Смути од какао и чиа семки – ставете во блендер лажица протеински прав, една банана, лажичка какао, лажичка чиа семе, лажица мед и чаша млеко од соја или бадем.

Измешајте ги сите состојки и вашиот појадок е подготвен.

Свежо сирење со овошје – свежото сирење е одличен извор на леуцин, аминокиселина која помага во градењето на мускулите.

Зачинете го сирењето со мед и цимет, па додадете овошје по ваш избор и семки или јаткасти плодови.

Овесна каша – чаша овесна каша содржи 5 грама протеини, богата е со растителни влакна, кои ќе го зајакнат варењето и вашиот метаболизам.

Во кашата додадете го вашето омилено овошје, цимет и семки по желба.

Поврзани новости