Рецепти

За најдобро предјадење: Портобело капрезе печурки

Едноставно јадење кое брзо се подготвува, а ќе биде хит на вашата трпеза.

Полнети печурки брзо и лесно се подготвуваат, а состојките воглавно не се скапи. Овој рецепт е одличен за предјадење на слава или именден.

Празничната сезона започнува и време е да испланирате како ќе изгледа вашата празнична трпеза. Ви предлагаме да направите полнети печурки кои ќе ги воодушеват вашите гости. Подготовката е едноставна и брза, а можете да ги наполните со разни филови. Пробајте го овој рецепт за печурки полнети со моцарела и домати. Неверојатно се вкусни и никој нема да им одолее.

6-7 поголеми шампињони
40 гр путер
3 чешниња лук
10-12 чери домати
230 гр моцарела
свеж босилок
¼ чаша балсамико оцет
2 лажички кафеав шеќер
сол
бибер
Подготовка:

Растопете го путерот, па пропржете го мелениот лук. Зачинете со сол и бибер. Отстранете ги дршките од печурките, па премачкајте го шеширчето со смесата од путер и лук (од двете страни). Потоа наполнете ги со сечкана моцарела и ставете неколку тркалца чери домати. Се пече во загреана рерна на 200°C околу 10 минути, па се вади и се украсува со босилок. Истурете балсамико оцет во мало тенџере и додадете шеќер, па варете неколку минути. Добиената смеса прелијте ја врз печурките. Се служат топли.

Поврзани новости