СпортФудбал

Истрага против Дани Алвес за сексуален напад

Бразилскиот фудбалер Дани Алвес е под истрага поради наводите за сексуален напад врз жена во ноќен клуб во Шпанија минатиот декември, објави Врховниот суд во Барселона.

Бразилскиот фудбалер претходно ги негираше сите обвинувања. Во соопштението на судот се наведува дека постапката е отворена „поради пријава поднесена од жена за наводен сексуален напад што се случил во ноќен клуб во Барселона во декември минатата година“.

Во соопштението не се наведува дека се работи за Алвес, но портпаролката на судот потврдила за Ројтерс дека бразилскиот фудбалер е предмет на истрага. Таа изјави дека целиот случај е под истрага, но додаде дека судот нема повеќе информации.

Шпанските медиуми претходно објавија дека една жена го обвинила Алвес дека ја допирал несоодветно и без нејзина согласност, додека била со пријателите во ноќен клуб на крајот на декември минатата година. Портпаролот на Алвеш изјави дека бразилскиот фудбалер „жестоко ги негира“ сите наводи.

Моментално е во Мексико каде игра за Пумас, а неодамна со Бразил играше на Светското првенство во Катар. Алвес (39) претходно играше за Барселона, Сао Паоло, ПСЖ, Јувентус, Севиља и Баија.

Поврзани новости