Битола инфо

Минатата година на Манаки 250 гости и 37 ноќни забави, оваа година се очекуваат 400 гости

Утревечер во Битола започнува 44-то издание на „Браќа Манаки”.

„Првата година имавме 150 гости, 20 филмови, двајца добитници и скромен буџет, го организиравме во време на пандемијата. Наредната година имавме 250 гости, 65 филмови и 37 ноќни забави, а годинава имаме меѓу 350 и 400 гости од кои околу 160 се странски гости, тоа е огромна бројка и 50 VIP, имаме 79 филмови во кино сали и проекции на отворено. Имаме извонредни филмови во главната селекција од Кан, Берлин, Венеција, Карлови Вари, Сан Себастијан. Тоа се филмови во кои знаењето и умешноста на кинематограферите доминираат, имаме во оваа селекција врвни кинематографери кои работат во врвни режисери, рече директорот на Фестивалот Симеон Мони Дамевски.

Директорот информираше дека има македонски филмови за отворање и затворање на Фестивалот, а ги претстави и останатите програми од кратката селекција, документарните филмови, студентските филмови, како и филмовите кои публиката ќе може да ги погледне на отворено од своите автомобили.

Поврзани новости